Ергономска работна фотелја со фиксни раконаслони, наменета за удобност и стабилна поддршка при секојдневна работа.
Грбонаслонот овозможува промена на аголот нанапред и наназад, со можност за фиксирање во работна положба. Висината на седиштето се регулира според потребите на корисникот.
Стандардно се изработува со црна ПВЦ база и ПВЦ тркала. Дополнително, достапни се хромирана база и гумирани тркала, погодни за паркет и други чувствителни подни површини.
Тапацирот може да се избере од понудата на материјали и бои, што овозможува лесно вклопување во различни деловни и домашни ентериери.
Погодна е за канцеларии, домашни работни простори, конференциски сали и работни места со секојдневна употреба
- Производот поседува сертификат за квалитет, гаранција како и сопствен сервис (резервни делови, претапацирање).
- Се одржува со мека крпа и детергент. Да не се користат абразивни средства.
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Дозволени се отстапки во нијансите на ткаенините и материјалите применети за изработка на мебелот во однос на прикажаното на екранот. Долготрајна изложеност на директна сончева светлина или поставување поблиску од 50см до радијатор или друг силен извор на топлина може да предизвика промени во изгледот и својствата на мебелот.
Оштетувања од вакви фактори не се предмет на гаранција.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
Office&Co е македонска компанија со традиција од 1997 година, специјализирана за канцелариски мебел, мебел за домување и опрема за комерцијални простори. Со над две децении искуство, Office&Co е препознатлива по квалитет, иновација и комплетни решенија за уредување на ентериери. Читај повеќе..