Brado Italia AURORA
AURORA е модерна италијанска работна фотелја на Brado Italia, дизајнирана од Sandonà/Bettini. Препознатлива по меката, заоблена линија на школката и интегрираните раконаслони, создадена е за современи простори во кои дизајнот е подеднакво важен како и функционалноста.
Ергономски обликуваната школка овозможува удобно седење, а тенкиот тапацир на седиштето во светло сина боја додава дополнителна удобност и создава убав контраст со белата школка. Компактната петокрака Kylie база со тркала обезбедува стабилност и лесно движење.
Со својот чист и ненаметлив италијански дизајн, AURORA одлично се вклопува во домашна канцеларија, модерно работно катче, конференциска сала или деловен простор.
Карактеристики:
Последно парче во оваа комбинација – бела школка со светло син тапацир.
- Производот поседува сертификат за квалитет, гаранција како и сопствен сервис (резервни делови, претапацирање).
- Се одржува со мека крпа и детергент. Да не се користат абразивни средства.
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Дозволени се отстапки во нијансите на ткаенините и материјалите применети за изработка на мебелот во однос на прикажаното на екранот. Долготрајна изложеност на директна сончева светлина или поставување поблиску од 50см до радијатор или друг силен извор на топлина може да предизвика промени во изгледот и својствата на мебелот.
Оштетувања од вакви фактори не се предмет на гаранција.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
Office&Co е македонска компанија со традиција од 1997 година, специјализирана за канцелариски мебел, мебел за домување и опрема за комерцијални простори. Со над две децении искуство, Office&Co е препознатлива по квалитет, иновација и комплетни решенија за уредување на ентериери. Читај повеќе..