Работна маса Staf
Staf е пространа работна маса со карактеристична ергономски обликувана работна плоча, која обезбедува повеќе корисна површина и удобно организирање на работното место.
Изработена е од австриска Egger иверка со дебелина од 25 mm, во декор природна цреша, во комбинација со стабилни метални ногарки. Заоблениот внатрешен дел овозможува лесен пристап до поголем дел од работната површина и придонесува за поудобна организација при секојдневна работа.
Достапна е и опција за розетна за организација и спроведување на кабли, за почиста и поуредна работна површина.
Карактеристики:
Staf е практичен избор за индивидуална или менаџерска канцеларија, особено кога е потребна поголема работна површина и добра организација на просторот.
- Производот поседува сертификат за квалитет, гаранција како и сопствен сервис (резервни делови, претапацирање).
- Се одржува со мека крпа и детергент. Да не се користат абразивни средства.
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Дозволени се отстапки во нијансите на ткаенините и материјалите применети за изработка на мебелот во однос на прикажаното на екранот. Долготрајна изложеност на директна сончева светлина или поставување поблиску од 50см до радијатор или друг силен извор на топлина може да предизвика промени во изгледот и својствата на мебелот.
Оштетувања од вакви фактори не се предмет на гаранција.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
Office&Co е македонска компанија со традиција од 1997 година, специјализирана за канцелариски мебел, мебел за домување и опрема за комерцијални простори. Со над две децении искуство, Office&Co е препознатлива по квалитет, иновација и комплетни решенија за уредување на ентериери. Читај повеќе..