Smart е современа работна маса со минималистички дизајн и стабилна конструкција, наменета за канцелариски, домашни и други работни простори. Работната плоча е изработена од квалитетна EGGER иверка со дебелина од 25 mm, а металната конструкција од профил 30 × 30 mm обезбедува цврста и сигурна основа за секојдневна употреба.
Моделот овозможува избор на повеќе димензии и комбинации на бои, со што лесно се приспособува на различни ентериери и потреби. По желба, масата може да се изработи и со розетна за организирано спроведување на каблите низ работната плоча.
Спецификација
Димензии: 120 × 80 / 140 × 80 / 160 × 80 cm
Висина: 73 cm
Метална конструкција: сива / бела / црна
Декори на плоча: антрацит / багрем / природен орев / светол даб
Опција за розетна за кабли
Монтажата е вклучена во цената
Гаранција
Други димензии и декори се достапни по нарачка, со претходна консултација во продажниот салон или преку нашите контакт канали.
Гаранција: 2 години.
Рок на испорака: 8-10 работни дена
За повеќе информации околу изборот на бојата како и опции за тапацир, обратете се на нашиот контакт тел. или директно во продавница.
Испорака на територија на град Скопје: бесплатна со сопствен превоз
Испорака на територија на Р. Македонија: 250 денари со карго компанија
Испорака за нарачка над 9.000 денари: бесплатна
Производот го добивате целосно монтиран во соодветна картонска амбалажа. Гаранцијата важи само за намонтирани столици и фотелји.
За сите детали околу испорака и гаранција, Ве молиме прочитајте во делот на Информации за испорака и Рекламации.
- Производот поседува сертификат за квалитет, гаранција како и сопствен сервис (резервни делови, претапацирање).
- Се одржува со мека крпа и детергент. Да не се користат абразивни средства.
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Дозволени се отстапки во нијансите на ткаенините и материјалите применети за изработка на мебелот во однос на прикажаното на екранот. Долготрајна изложеност на директна сончева светлина или поставување поблиску од 50см до радијатор или друг силен извор на топлина може да предизвика промени во изгледот и својствата на мебелот.
Оштетувања од вакви фактори не се предмет на гаранција.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
Office&Co е македонска компанија со традиција од 1997 година, специјализирана за канцелариски мебел, мебел за домување и опрема за комерцијални простори. Со над две децении искуство, Office&Co е препознатлива по квалитет, иновација и комплетни решенија за уредување на ентериери. Читај повеќе..