Работна маса Kom Ofis P
Kom Ofis P е стабилна и функционална работна маса со чист, минималистички дизајн, наменета за секојдневна употреба во современи канцелариски и работни простори.
Работната плоча е изработена од квалитетна Egger иверка со дебелина од 25 mm, додека цврстата метална конструкција од масивен профил 50 mm обезбедува висока стабилност и издржливост.
Металните ногарки се опремени со нивелатори, кои овозможуваат прецизно поставување и стабилност на масата и на подлоги со мали нерамнини. Стандардната изведба е со црна метална конструкција, со опција за ногарки во бела боја.
Достапни димензии:
Достапни декори:
Останати димензии и декори се достапни по нарачка, со претходна консултација во продажниот салон или преку нашите контакт канали.
Дополнително, масата може да се изведе со розетна за организација и спроведување на кабли, за почиста и поуредна работна површина.
За Kom Ofis P се обезбедени гаранција, сервис и резервни делови.
Превозот и монтажата се вклучени во цената.
- Производот поседува сертификат за квалитет, гаранција како и сопствен сервис (резервни делови, претапацирање).
- Се одржува со мека крпа и детергент. Да не се користат абразивни средства.
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Дозволени се отстапки во нијансите на ткаенините и материјалите применети за изработка на мебелот во однос на прикажаното на екранот. Долготрајна изложеност на директна сончева светлина или поставување поблиску од 50см до радијатор или друг силен извор на топлина може да предизвика промени во изгледот и својствата на мебелот.
Оштетувања од вакви фактори не се предмет на гаранција.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
Office&Co е македонска компанија со традиција од 1997 година, специјализирана за канцелариски мебел, мебел за домување и опрема за комерцијални простори. Со над две децении искуство, Office&Co е препознатлива по квалитет, иновација и комплетни решенија за уредување на ентериери. Читај повеќе..