Моноблок фотелја изработена од полипропиленски смоли зајакнати со стаклени влакна, рамномерни обоени за долготрајна стабилност на бојата. Дизајнот е со мат завршница и перфорирана структура што овозможува леснотија, провидност и современ изглед.
Ногарките се нелизгачки, што овозможуваат стабилност на различни подлоги и ја прават погодна за внатрешна и надворешна употреба. Благодарение на UV адитивите, материјалот е отпорен на сончеви зраци и атмосферски влијанија, што гарантира издржливост и долгорочна употреба на отворено.
Фотелјата доаѓа во повеќе модерни бои, лесно се комбинира со различни стилови на ентериер и екстериер, и е практична поради можноста за редење една врз друга за заштеда на простор при складирање.
Полипропилен
Полипропиленот, термопластична смола со исклучително висок квалитет и во комбинација со други материјали како алуминиум, синтетичка ткаенина, тапацир и стакло, е апсолутен протагонист на колекциите на Nardi, кои се карактеризираат и со широката палета на бои во каталогот. Од знаењето на компанијата и постојаното технолошко унапредување, како и од перото на дизајнерот Рафаело Галиото, секоја година се создаваат маси, столици, фотелји, барски столици и многу повеќе; колекции за градина и за професионален сектор, отворени дневни соби. Совршена синтеза на естетика и функционалност.
На полипропиленот, кој пристигнува во форма на гранули, дополнително му се додава анти-UV третман кој овозможува полните и живописни бои да се задржат со текот на времето и покрај изложеноста на временските услови.
Смолата е нетоксична, антистатична и 100% рециклирачка, а дури и во производствените фази целиот отпад се рециклира и се користи за секундарни производи.
Nardi се официјални „Италијански амбасадори на дизајнот“ – компанијата е препознаена како претставник на Made in Italy на квалитетот и креативноста.
- Производот поседува сертификат за квалитет, гаранција како и сопствен сервис (резервни делови, претапацирање).
- Се одржува со мека крпа и детергент. Да не се користат абразивни средства.
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Дозволени се отстапки во нијансите на ткаенините и материјалите применети за изработка на мебелот во однос на прикажаното на екранот. Долготрајна изложеност на директна сончева светлина или поставување поблиску од 50см до радијатор или друг силен извор на топлина може да предизвика промени во изгледот и својствата на мебелот.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
Office&Co е македонска компанија со традиција од 1997 година, специјализирана за канцелариски мебел, мебел за домување и опрема за комерцијални простори. Со над две децении искуство, Office&Co е препознатлива по квалитет, иновација и комплетни решенија за уредување на ентериери. Читај повеќе..