Клуб-маса TON Bloom
Клуб-масата Bloom од TON е дизајнирана од Arik Levy. Нејзината тркалезна дрвена плоча и впечатливата централна дрвена конструкција, обликувана како цвет што се отвора, ја прават уникатен детаљ во секој ентериер.
Дрвената конструкција е поставена на стабилна црна метална основа. Одлично се вклопува во дневна соба, хотелски простор, кафе-бар или ресторан.
Димензии: Ø 55 × 41 cm
Дизајн: Arik Levy
Производител: TON
Гаранција: 10 години
- Производот поседува сертификат за квалитет, гаранција како и сопствен сервис (резервни делови, претапацирање).
- Се одржува со мека крпа и детергент. Да не се користат абразивни средства.
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Дозволени се отстапки во нијансите на ткаенините и материјалите применети за изработка на мебелот во однос на прикажаното на екранот. Долготрајна изложеност на директна сончева светлина или поставување поблиску од 50см до радијатор или друг силен извор на топлина може да предизвика промени во изгледот и својствата на мебелот.
Оштетувања од вакви фактори не се предмет на гаранција.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
Office&Co е македонска компанија со традиција од 1997 година, специјализирана за канцелариски мебел, мебел за домување и опрема за комерцијални простори. Со над две децении искуство, Office&Co е препознатлива по квалитет, иновација и комплетни решенија за уредување на ентериери. Читај повеќе..