Клуб фотелја Soft
Soft е модерна клуб фотелја со компактна форма, удобни пропорции и препознатлив декоративен ромбоиден штеп. Заоблениот наслон кој непречено преминува во раконаслоните создава елегантна и визуелно заокружена форма.
Изработена е во црна еко кожа, а декоративните шавови дополнително ја нагласуваат формата и ѝ даваат модерен, префинет изглед. Металните ногарки обезбедуваат стабилност, а истовремено ја прават фотелјата визуелно лесна.
Карактеристики:
Благодарение на својата форма, Soft има широка примена – идеална е за канцеларии, клубски и lounge зони, приемни простории, чекални, хотели и салони, но одлично се вклопува и како клуб фотелја во дневна соба или домашно катче за одмор.
Достапна е и како двосед Soft, за комплетно уредување на просторот.
Гаранција: 2 години.
Рок на испорака: 8-10 работни дена
За повеќе информации околу изборот на бојата како и опции за тапацир, обратете се на нашиот контакт тел. или директно во продавница.
Испорака на територија на град Скопје: бесплатна со сопствен превоз
Испорака на територија на Р. Македонија: 250 денари со карго компанија
Испорака за нарачка над 9.000 денари: бесплатна
Производот го добивате целосно монтиран во соодветна картонска амбалажа. Гаранцијата важи само за намонтирани столици и фотелји.
За сите детали околу испорака и гаранција, Ве молиме прочитајте во делот на Информации за испорака и Рекламации.
- Производот поседува сертификат за квалитет, гаранција како и сопствен сервис (резервни делови, претапацирање).
- Се одржува со мека крпа и детергент. Да не се користат абразивни средства.
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Дозволени се отстапки во нијансите на ткаенините и материјалите применети за изработка на мебелот во однос на прикажаното на екранот. Долготрајна изложеност на директна сончева светлина или поставување поблиску од 50см до радијатор или друг силен извор на топлина може да предизвика промени во изгледот и својствата на мебелот.
Оштетувања од вакви фактори не се предмет на гаранција.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
Office&Co е македонска компанија со традиција од 1997 година, специјализирана за канцелариски мебел, мебел за домување и опрема за комерцијални простори. Со над две децении искуство, Office&Co е препознатлива по квалитет, иновација и комплетни решенија за уредување на ентериери. Читај повеќе..