Клуб фотелја Moon
последна
Moon се издвојува со меко обликувани линии, компактна форма и широко, удобно седиште. Дизајнирана од студиото Lievore Altherr Molina, фотелјата има современа и препознатлива силуета што лесно се вклопува во канцеларии, чекални, хотелски и станбени простори.
Тапацирана е со Каше – густ и мек материјал со одреден процент волна во составот, пријатна текстура и топол изглед. Полиуретанскиот сунѓер обезбедува удобно седење, додека фиксната метална конструкција дава стабилност и визуелна леснотија.
Салонски експонат – достапен веднаш.
• Каше материјал со процент на волна
• Полиуретански сунѓер
• Фиксно седиште
• Метална конструкција
• Дизајн: Lievore Altherr Molina
За повеќе информации околу изборот на бојата како и опции за тапацир, обратете се на нашиот контакт тел. или директно во продавница.
Испорака на територија на град Скопје: бесплатна со сопствен превоз
Испорака на територија на Р. Македонија: 250 денари со карго компанија
Испорака за нарачка над 9.000 денари: бесплатна
Производот го добивате целосно монтиран во соодветна картонска амбалажа. Гаранцијата важи само за намонтирани столици и фотелји.
За сите детали околу испорака и гаранција, Ве молиме прочитајте во делот на Информации за испорака и Рекламации.
- Производот поседува сертификат за квалитет, гаранција како и сопствен сервис (резервни делови, претапацирање).
- Се одржува со мека крпа и детергент. Да не се користат абразивни средства.
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Дозволени се отстапки во нијансите на ткаенините и материјалите применети за изработка на мебелот во однос на прикажаното на екранот. Долготрајна изложеност на директна сончева светлина или поставување поблиску од 50см до радијатор или друг силен извор на топлина може да предизвика промени во изгледот и својствата на мебелот.
Оштетувања од вакви фактори не се предмет на гаранција.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
Office&Co е македонска компанија со традиција од 1997 година, специјализирана за канцелариски мебел, мебел за домување и опрема за комерцијални простори. Со над две децении искуство, Office&Co е препознатлива по квалитет, иновација и комплетни решенија за уредување на ентериери. Читај повеќе..