Клуб фотелја Eta
последна
Eta се издвојува со линеарен и компактен дизајн, чисти линии и прецизна геометрија. Дизајнирана од студиото Lievore Altherr Molina, фотелјата има меко и удобно седиште што создава пријатен контраст со нејзината строга, минималистичка форма.
Тапацирана е со црн штоф и исполнета со полиуретански сунѓер, додека вртливата метална конструкција обезбедува стабилност и функционалност. Елегантен модел што лесно се вклопува во канцеларии, чекални, хотелски и современи станбени простори.
Салонски експонат – достапен веднаш.
• Црн штоф
• Полиуретански сунѓер
• Вртливо седиште
• Метална конструкција
• Дизајн: Lievore Altherr Molina
Гаранција: 2 години.
За повеќе информации околу изборот на бојата како и опции за тапацир, обратете се на нашиот контакт тел. или директно во продавница.
Испорака на територија на град Скопје: бесплатна со сопствен превоз
Испорака на територија на Р. Македонија: 250 денари со карго компанија
Испорака за нарачка над 9.000 денари: бесплатна
Производот го добивате целосно монтиран во соодветна картонска амбалажа. Гаранцијата важи само за намонтирани столици и фотелји.
За сите детали околу испорака и гаранција, Ве молиме прочитајте во делот на Информации за испорака и Рекламации.
- Производот поседува сертификат за квалитет, гаранција како и сопствен сервис (резервни делови, претапацирање).
- Се одржува со мека крпа и детергент. Да не се користат абразивни средства.
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Дозволени се отстапки во нијансите на ткаенините и материјалите применети за изработка на мебелот во однос на прикажаното на екранот. Долготрајна изложеност на директна сончева светлина или поставување поблиску од 50см до радијатор или друг силен извор на топлина може да предизвика промени во изгледот и својствата на мебелот.
Оштетувања од вакви фактори не се предмет на гаранција.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
Office&Co е македонска компанија со традиција од 1997 година, специјализирана за канцелариски мебел, мебел за домување и опрема за комерцијални простори. Со над две децении искуство, Office&Co е препознатлива по квалитет, иновација и комплетни решенија за уредување на ентериери. Читај повеќе..