Квалитетна ергономска работна столица, дизајнирана за удобност, функционалност и сигурна секојдневна употреба. Со својот модерен дизајн и можностите за индивидуално подесување, одлично се вклопува во канцеларија, домашен работен простор или работно катче за учење.
Столицата е опремена со зглобен механизам кој овозможува индивидуално подесување на аголот на грбонаслонот и позицијата на седење. Грбонаслонот се движи напред–назад, овозможувајќи секој корисник да ја намести положбата според сопствените потреби. Висината на целата столица се регулира со хидрауличен механизам.
Седиштето и грбонаслонот се удобно тапацирани, а хромираните раконаслони со ПВЦ детали обезбедуваат дополнителна потпора и го надополнуваат дизајнот. Стабилната хромирана петокрака база е дополнета со ПВЦ детали во иста боја со столицата, создавајќи визуелно усогласен и препознатлив изглед.
Карактеристики:
- Производот поседува сертификат за квалитет, гаранција како и сопствен сервис (резервни делови, претапацирање).
- Се одржува со мека крпа и детергент. Да не се користат абразивни средства.
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Дозволени се отстапки во нијансите на ткаенините и материјалите применети за изработка на мебелот во однос на прикажаното на екранот. Долготрајна изложеност на директна сончева светлина или поставување поблиску од 50см до радијатор или друг силен извор на топлина може да предизвика промени во изгледот и својствата на мебелот.
Оштетувања од вакви фактори не се предмет на гаранција.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
Office&Co е македонска компанија со традиција од 1997 година, специјализирана за канцелариски мебел, мебел за домување и опрема за комерцијални простори. Со над две децении искуство, Office&Co е препознатлива по квалитет, иновација и комплетни решенија за уредување на ентериери. Читај повеќе..