Ергономска работна фотелја со фиксни раконаслони, дизајнирана за удобност и правилна поддршка при секојдневна работа.
Грбонаслонот е изработен од мрежа која овозможува подобра циркулација на воздухот. Механизмот овозможува промена на аголот на грбонаслонот нанапред и наназад, како и негово фиксирање во работна положба. Лумбалната поддршка се приспособува според потребите на корисникот, додека висината на седиштето се регулира со хидрауличен механизам.
Седиштето се изработува во материјал и боја по избор. Стабилната црна ПВЦ база стандардно е опремена со ПВЦ тркала, со можност за избор на гумирани тркала, погодни за паркет, ламинат и други чувствителни подни површини.
Погодна е за канцеларии, домашни работни простори и други работни места со секојдневна употреб
- Производот поседува сертификат за квалитет, гаранција како и сопствен сервис (резервни делови, претапацирање).
- Се одржува со мека крпа и детергент. Да не се користат абразивни средства.
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Дозволени се отстапки во нијансите на ткаенините и материјалите применети за изработка на мебелот во однос на прикажаното на екранот. Долготрајна изложеност на директна сончева светлина или поставување поблиску од 50см до радијатор или друг силен извор на топлина може да предизвика промени во изгледот и својствата на мебелот.
Оштетувања од вакви фактори не се предмет на гаранција.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
Office&Co е македонска компанија со традиција од 1997 година, специјализирана за канцелариски мебел, мебел за домување и опрема за комерцијални простори. Со над две децении искуство, Office&Co е препознатлива по квалитет, иновација и комплетни решенија за уредување на ентериери. Читај повеќе..