Ергономска работна фотелја со тапацир во материјал и боја по избор, погодна за домашен работен простор, канцеларии и конференциски сали.
Механизмот за подигнување и спуштање на седиштето овозможува приспособување на висината според корисникот и работната маса. Релакс-механизмот овозможува фиксирање во исправена положба под агол од 90° или слободно навалување, со регулација на отпорот според тежината на корисникот.
Фотелјата е опремена со црна ПВЦ база зајакната со стаклени влакна за поголема цврстина и стабилност, како и со ПВЦ тркала.
Дополнителни опции:
- Производот поседува сертификат за квалитет, гаранција како и сопствен сервис (резервни делови, претапацирање).
- Се одржува со мека крпа и детергент. Да не се користат абразивни средства.
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Дозволени се отстапки во нијансите на ткаенините и материјалите применети за изработка на мебелот во однос на прикажаното на екранот. Долготрајна изложеност на директна сончева светлина или поставување поблиску од 50см до радијатор или друг силен извор на топлина може да предизвика промени во изгледот и својствата на мебелот.
Оштетувања од вакви фактори не се предмет на гаранција.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
Office&Co е македонска компанија со традиција од 1997 година, специјализирана за канцелариски мебел, мебел за домување и опрема за комерцијални простори. Со над две децении искуство, Office&Co е препознатлива по квалитет, иновација и комплетни решенија за уредување на ентериери. Читај повеќе..