FULKRUM
Фотелја со синхроно наведнување (Synchron-Tilt)
Наслон за глава
Перниче за глава, прилагодливо по висина за 5 cm. Школката на наслонот за глава е изработена од црн полипропилен (100% може да се рециклира).
Наслон за грб
Пропустливата мрежна суспензија од полиестер овозможува подобра вентилација и дишење, за да обезбеди исклучителна топлинска удобност. Задната рамка е обликувана од отпорен црн полипропилен (100% може да се рециклира).
Рбет на столот - Backbone
„Рбетот“ е изработен од лиен алуминиум (100% може да се рециклира) во луксузен полиран финиш (премиум финиш).
Основа
Дизајнот на основата „Stiletto“ е ексклузивен за Fulkrum и овозможува дополнителен простор за движење на вашите нозе. Оваа стандардна основа е обликувана од најлон зајакнат со влакна во црна боја (100% може да се рециклира).
Опционална основа од лиен алуминиум (100% може да се рециклира) во високо полиран финиш.
Затворени тркалца со двојни тркала во црн најлон.
Влошка за лумбална поддршка
Лумбалната поддршка може практично да се прилагоди со странични тркалца, без да станувате од фотелјата, за да се прилагоди на точната поддршка за различни форми на „рбетот.
Наслони за раце
2-насочниот наслон за рака се прилагодува за 6 cm во длабочина и се ротира во 3 аголни позиции. Исто така е достапен и во 3-насочен наслон за рака со дополнително прилагодување од 10 cm во висина.
Обликувани од полипропилен и најлон зајакнат со влакна во црна боја (100% може да се рециклира).
Механизам на фотелјата
Фотелјите со синхроно наведнување (Synchro-Tilt) користат синхронизиран механизам со контрола на затегнатоста на наведнувањето (Tilt Tension Control), заклучување на наведнувањето во повеќе позиции (Tilt Lock) и пневматска контрола на висината на седиштето. Деловите од лиен алуминиум и челик (100% може да се рециклираат).
- Производот поседува сертификат за квалитет, гаранција како и сопствен сервис (резервни делови, претапацирање).
- Се одржува со мека крпа и детергент. Да не се користат абразивни средства.
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Дозволени се отстапки во нијансите на ткаенините и материјалите применети за изработка на мебелот во однос на прикажаното на екранот. Долготрајна изложеност на директна сончева светлина или поставување поблиску од 50см до радијатор или друг силен извор на топлина може да предизвика промени во изгледот и својствата на мебелот.
Оштетувања од вакви фактори не се предмет на гаранција.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
Office&Co е македонска компанија со традиција од 1997 година, специјализирана за канцелариски мебел, мебел за домување и опрема за комерцијални простори. Со над две децении искуство, Office&Co е препознатлива по квалитет, иновација и комплетни решенија за уредување на ентериери. Читај повеќе..