Star B е работна фотелја со тапацирано седиште и грбонаслон, достапна во материјал и боја по избор. Тапацирот може да се усогласи со мебелот во канцеларијата, домашниот работен простор или конференциската сала.
Висината на седиштето се подесува според висината на корисникот и работната маса. Релакс-механизмот овозможува фотелјата да се фиксира во исправена положба под агол од 90° или слободно да се навалува. Отпорот при навалување се регулира според тежината на корисникот.
Стандардната изведба вклучува црна петкрака ПВЦ база зајакната со стаклени влакна за цврстина и стабилност, како и ПВЦ тркала. Како дополнителни опции се достапни хромирана база и гумирани тркала.
- Производот поседува сертификат за квалитет, гаранција како и сопствен сервис (резервни делови, претапацирање).
- Се одржува со мека крпа и детергент. Да не се користат абразивни средства.
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Дозволени се отстапки во нијансите на ткаенините и материјалите применети за изработка на мебелот во однос на прикажаното на екранот. Долготрајна изложеност на директна сончева светлина или поставување поблиску од 50см до радијатор или друг силен извор на топлина може да предизвика промени во изгледот и својствата на мебелот.
Оштетувања од вакви фактори не се предмет на гаранција.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
Office&Co е македонска компанија со традиција од 1997 година, специјализирана за канцелариски мебел, мебел за домување и опрема за комерцијални простори. Со над две децении искуство, Office&Co е препознатлива по квалитет, иновација и комплетни решенија за уредување на ентериери. Читај повеќе..