Канцелариска фотелја Flamingo B – салонски експонат
Flamingo B е елегантна и функционална канцелариска фотелја со висок грбонаслон, наменета за удобно и стабилно седење во текот на работниот ден.
Вградениот мултиблок механизам овозможува прилагодување на положбата на грбонаслонот и фиксирање во повеќе позиции, според потребите на корисникот. Висината на седење се регулира преку хидрауличен механизам.
Седиштето и грбонаслонот се изработени со лиен полиуретански сунѓер, кој обезбедува добра потпора, ја задржува формата и придонесува за поголема удобност при подолготрајно седење.
Фотелјата е опремена со фиксни хромирани раконаслони со тапациран горен дел, стабилна хромирана петокрака база и гумирани тркала за потивко движење и заштита на подната површина.
Карактеристики:
САЛОНСКИ ЕКСПОНАТ – последно 1 парче.
Наведената цена важи исклучиво за изложениот модел.
Останати бои и материјали се достапни по редовна цена во категоријата „Фотелји“.
- Производот поседува сертификат за квалитет, гаранција како и сопствен сервис (резервни делови, претапацирање).
- Се одржува со мека крпа и детергент. Да не се користат абразивни средства.
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Дозволени се отстапки во нијансите на ткаенините и материјалите применети за изработка на мебелот во однос на прикажаното на екранот. Долготрајна изложеност на директна сончева светлина или поставување поблиску од 50см до радијатор или друг силен извор на топлина може да предизвика промени во изгледот и својствата на мебелот.
Оштетувања од вакви фактори не се предмет на гаранција.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
Office&Co е македонска компанија со традиција од 1997 година, специјализирана за канцелариски мебел, мебел за домување и опрема за комерцијални простори. Со над две децении искуство, Office&Co е препознатлива по квалитет, иновација и комплетни решенија за уредување на ентериери. Читај повеќе..